„Македонски телеком“ ја продолжи понудата за оптика поради голем интерес

Поради големиот интерес на корисниците, „Македонски Телеком“ ја продолжува понудата за Optic пакетите до 31-ви декември оваа година.

Со понудата, нов корисник може да проба Optic пакет два месеца без доплата, како и да гледа бесплатни ТВ канали во висока резолуција на MaxTV.

Eдинствено со Optic услугата од Телеком, корисниците во Македонија добиваат интернет брзина до 1 гигабит во секунда, со која можат да преземат податоци од интернет до сто пати побрзо отколку што беше можно преку типичен приклучок.

На пример, наместо за дваесет минути, како до сега, корисниците можат да преземат видео содржина од интернет за помалку од една минута.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.