Група на социјалната мрежа Инстаграм која се вика „Crazy.school.videos.mk“ објавува видеа од македонски ученици кои намерно дивеат во училници и кршат училиштен инвентар, се смеат и сето тоа го снимаат. Но, доведуваат во опасност и многу други ученици, објави порталот Факултети.мк.
Како што пишува порталот, групата веќе има 100-ина постови и 15.000 члена. Некои од видеата се позајмени од странски земји, но на некои веднаш може да се утврди дека станува збор за македонско училиште бидејќи учениците зборуваат на македонски јазик.
„Ќе ги запали брат, ќе ги печи, нафора“, коментира ученик додека друг пали со запалка некоја црна материја на клупата.
На видеата се гледа како ученици намерно кршат столчиња, клупи, ги фрлаат од прозорец, палат училишна клупа, со глава кршат врати. Се смеат додека снимаат.
На видео постирано на 11 ноември, додека група ученици ја пеат навивачката песна „Излези момче право на тераса“, во училницата е и професорка. Но, тие ги трескаат мониторите од компјутерите и тастатурите додека навиваат.
Целиот текст прочитајте го тука.