Македонски железници ќе добие нова зграда

Македонски железници после повеќе од 30 години ќе добие нова зградата.На третион јавен повик за изградба на деловните простории на Јавното претпријатие Македонски железници-Инфраструктура пристигна една понуда за која во рок од 5 дена ќе се направи извештај, по кој ќе следи потпишување на договор.

Фирмата која се пријавила на јавниот повик доставила банкарска гаранција за сериозност на понудата во висина од 50.000 евра и банкарска гаранција за изградба на објектот во износ од 100.000 евра.

Приватниот инвеститор пред почетокот на изградбата ќе треба да изработи идејно решение во стил на барокот, класицизмот или неокласицизмот, што ќе треба да биде одобрено од комисија на МЖ – Инфраструктура.

Од предвидените простории со површина од 9.003 метри квадратни, јавното претпријатие треба да добие минимум 23% од бруто развиената површина, додека компанијата понудувач понудила 23.2%. или најмалку 2.701 метри квадратни.

Покрај деловни простории, приватниот партнер во зданието ќе може да смести и хотел, трговски центар или угостителски локал, и тоа до 40% од неговата целокупна површина. Објектот ќе се гради на парцела со големина од 3.179 метри квадратни, ќе има приземје и шест ката и висина до 25 метри.