Македонскиот бенд SoundEdge со нова песна „Ден и ноќ“

Бендот SoundEdge го издаде својот најнов сингл со наслов „Ден и ноќ“.
Оваа песна е дел од процесот на создавање на нов, креативен, алтернативен, експериментален и модерен звук.
Процес што тече во авторската и продукциската идеја на бендот за да понуди и прифати музика што на свој начин ќе биде поразлична од она што се случува на сцената.
Песната е снимана во соработак со Zoe, која е автор на текстот и ги испеа главните вокални делници, а музиката и аранжманот се на SoundEdge.

Ден и ноќ е снимана и миксана во SoundEdge студио, а мастерингот повторно го изработи D E X Y Mastering oд Шведска.

Автор на визуелизацијата е Петар Милиќ.