Македонскиот борач Бесир Алили европски шампион во кадетска конкуренција

Бесир Алили го победи Ховсанисјан со 7:6 во финалната борба на Европското првенство во борење за кадети и го освои златниот медал.

Македонскиот борач настапи во категоријата до 48 килограми и на патот кон златото забележа четири победи. Алили ги совлада Оскар Кулчицки од Полска, Андреј Витан од Молдавија и Лука Гугешашвили од Грузија.

Македонската боречка селекција има можност и за освојување бронзен медал. Имено Реџеп Хајдари (92 кгр.) ќе се бори за третото место на шампионатот. Стефан Штерјов (45 кгр.) и Аид Салихаси (51 кгр.) стигнаа до репасажот и имаат, исто така, шанса да се борат за медал.