Македонскиот бродолом на високото образование и наука

Деновиве во организација на „Вебометрикс“ – Webometriricg Ranking of Worid Universities – Шпанија, за 2022 година, беа објавени рангирањата на универзитети во светот, што оваа организација ги прави повеќе од 15 години, а според методологијата се мерат научните достигнувања на персоналот по универзитети и нивното влијание во светот.

Во ова мое пишување, немам намера да ги спомнам најдобрите, односно првите 50 до 100 рангирани универзитети во светот на „Вебометрикс“, тоа го оставам на моите ценети читатели и оние кои ги интересира, а тука мислам на академската фела, МАНУ, универзитети-факултети и други. Мој фокус ќе бидат македонските универзитети!

Веднаш да истакнам дека, нашите македонски универзитети, не се наоѓаат на првите петстотини (500), ниту на илјадата (1000) ранг листа, ниту на илјада петстотата(1500) ранг листа, туку, нашиот најстар и најдобар Универзитет „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, се наоѓа на 1594 место. Од Балканските земји меѓу првите петсто (500), се универзитетите во Белград (447), Љубљана (332), Загреб, додека софискиот универзитет на 988 додека Универзитетот во Нови Сад на 1009 место…

Според оваа листа од македонските универзитети, според рејтингот, втор е универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип на 3711 место(м), трет е ЈИЕ-Тетово на 4547(м), четврти е УТ-Тетово на 4610(м) универзитет, милениче на политичката партија ДУИ, криминален – со сомнителни научни трудови, дипломи, корумпиран, непотистички универзитет со непочитување на законите, а најмалце се обрнува внимание на образованието, наставниот кадар и науката… петти е универзитетот „Св.Климент Охридски“- Битола на 6304(м). Кога сме до овој универзитет со право има реакции од страна на многу професори кои велат „ваков неспособен ректор како што е Сашо Коруновски не сме имале, на предходниот ректор (Жоглев) може да му носи вода“. Од причина што си ги „гледал личните интереси“, велат професорите, си ангажирал „личен адвокат“, да го застапува него, и универзитетот, со постоечки генерален секретар на универзитетот, со катастрофални наставни програми (Економски факултет-Прилеп), со немање наставен кадар на Ветеринарниот факултет во Битола, а да не се зборува за научна-истражувачка дејност… Па, понатака по ред: приватниот Балканскиот универзитет на 8877(м), Американскиот универзитет на 12017(м), читателите да знаат дека на овој универзитет бил професор и предавал, сега актуелниот претседател Пендароски, кој како што изјавува да небил претседател веднаш би јанапуштил државата, како и анонимниот професор без никаков стручен и научен труд, сега анонимен премиер Ковачевски..,Универзитетот „Мајка Тереза“на 13138 (м), универзитет кој има организиран образовен криминал на чело со ректорот Азиз Положани со изминат мандат. Партиски универзитет на партијата ДУИ. На овој универзитет има се, но нема настава, наставен кадар, наука, туку, има потреба да се ангажираат институциите како што е Државниот просветен инспекторат, МОН и министерот Јетон Шаќири за откривање на образовниот криминал, кој е констатиран, Јавното обвинителство, ДКСК. Следи УИНТ-Охрид на 14444 (м) само да се напомене со никаква организациона поставеност со нерегулирани наставно-научни совети, декани, настава, наука…Славјанскиот универзитет во Свети Николе – Битола на 18723(м), Универзитетот за туризам и менаџмент-Скопје на 20038(м), Универзитетот Струга на 20369(м), универзитет кој треба да се затвори, познат по ненострифицирани дипломи, немање наставен кадар. Универзитет на новиот министер за образование и наука. Еве му шанса да го затвори овој универзитет поради образовни криминали…па да напоменам и некои приватни универзитети како што е ФОН универзитетот на 22577(м), универзитет познат по образовни криминали,не се знае кој е ректор, познат е по тоа што го предложи Зоран Заев за нобеловец. На овој универзитет има се, но нема настава, наука, наставен кадар…Универзитетот ЕСТРА сега Еуропа Прима-Скопје на 23 271(м), не се знае кој е ректор, не се знае кој професор каде предава е нејасно,  и последниот Приватен Европски универзитет со 24190(м),  овој универзитет сам по себе ќе згасне.

За горе, наведените македонски универзитети и нивни места во светските рангирања, лично не сум изненаден. Изненаден сум од непревземање активни мерки на Владата, немање одговорности, каде што поставената Агенција за квалитет за високото образование и нивните одбори за акредитација и евалуација не си ја извршуваат професионално и совесно својата работа. Нефункционирањето на Националниот совет за високо образование, немање никаква Собраниска расправа и одговорност за ваквата состојба, тука, секако е Министерот за образование и наука, непрофесионалната работа на Државниот просветен инспекторат, Собранието на Република Македонија кој е основач на јавните универзитети, МАНУ – како највисока научна институција, кој треба да креира стратегија и излез од овој наш бродолом на високото образование и наука на нашите универзитети и слично.

Во моите стручни и научни образовни анализи сум пишувал во моите книги. (Состојби и потреби од квалитет на високото образование во Р.Македонија I и II дел, 2017 и 2018).

Накратко ќе истакнам некои излезните решенија и што треба да се преземе

  1. Да се преиспита донесениот Закон за високо образование донесен (08.05.2018г) од страна на МОН, истиот не само што не е развоен, туку, е полош од предходниот. Универзитетите немаат финансиска автономност, универзитетите зависат од милоста на Владата на Р.Македонија?!
  2. Колку и како се организирани внатрешно универзитетите, сенатите и факултетите и нивната организациона поставеност?
  3. Универзитетите и нивните единици треба да ги постават целите и задачите во делот на наставата, наставните програми и потребите на пазарот на трудот, наставниот кадар, научната дејност и поставеноста на студентот како активен субјект и партнер во академската заедница?
  4. Да се преиспитаат Веб страниците на универзитетите-единиците, од страна на МОН истите не се јасни, односно, некои универзитети-факултети немаат ништо конкретно јасно напишано, не се знае на кои студиски програми кои професори предаваат, конкретно согласно ЗВО, не се знае кој е ректор, и слично.
  5. Неминовна потреба во Република Македонија (до сега не е направено) има неминовна потреба од рангирање на квалитетот на факултетите, по студиски програми по универзитети во јавните и приватните универзитети, поконкретно (во Македонија има над 20 Правни и Економски факултети или факултети по менаџмент…) вршење рејтинг на квалитетот по  студиски програми (Правни, Економски, Медицински, Информатички,Техничко-технолошки, Уметнички, Спортски и слично). Зошто е потребно. Пред се, да се согледа квалитетот на јавните и приватните факултети – насоки или студиски програми, можност идните кандидати – студенти да се определат и да имаат избор за нивно натамошно образование да се запознаат со  квалитетот на акредитираните студиски програми-потребни за пазарот на трудот по завршување на  студиите, за додипломски, постдипломски и докторски студии, условите за работа, наставата, наставниот кадар и слично. Вакви искуства има во многу балкански и европски земји. А, ние?
  6. Преиспитување на работењето на државниот просветен инспекторат (Не)професионално. И нивно  трансформирање?!
  7. Формираниот, а практично (не)функционираниот Национален совет за високо образование, иновации и технологија (Националниот совет) како стручно и советодавно тело на Владата на Република Македонија, ако сакаат да се вклучат нашите високообразовни установи во чекор со современите тенденции на науката и развојот на севкупната научно-истражувачка дејност и технолошкиот развој, треба да донесат( која ја немаат) Националната програма за научно-истражувачка дејност на Република Македонија кој  е од приоритетно значење, треба да има меѓународна димензија поврзано со стопанството, развој на високото образование и размена на искуства со другите високообразовни установи ширум светот во насока на исполнување на препораките од Болоњскиот процес. Националната програма е основа за насочување и утврдување на обемот на средствата од Буџетот на Република Македонија за вршење на научно-истражувачка дејност.
  8. Со нефункционирањето на овој национален совет, нашите универзитети- факултети, немаат легитимитет кој треба да го потврди за нејзино зачленувањње во европскиот регистер за оценка на квалитетот во високото образование, што го основа групата Е4-European Qvality Assurance Register for Highrr (EQAR).
  9. Советот за финансирање на високото образование предвиден со Законот не профункционира, со што во практиката факултетите се соочуваат со проблеми од потреба во современување на наставата, практичните теренски, уметнички и спортски активности, потребни нагледни и практични средства за тренд и работа на наставниците и студентите.
  10. Преиспитување на Академијата за квалитет на високото образование постои два Одбора за акредитација и евалуација на високото образование. Раководат партиски поставени лица, како што се Агим Рушити-директор за квалитет на високото образование, академик Владо Камбовски за акредитација и професор Марина Митреска за евалуација. Овие поставени лица наместо да вршат контрола на квалитетот на високото образование, институти, наставен кадар, настава истите се соучесници на образовниот криминал на високото образование. Одборот за евалуација, како ваше сознание почитувани читатели немаат извршено ниедна евалуација на ниеден универзитет-факултет на нашите универзитети. И затоа неме изненадува ваквата бродоломна состојба во високото образование и наука. Затоа има неминовна потреба од независна стручна експертска екипа да ја води Агенцијата и поставените одбори за акредитација и евалуација. Во практиката одборот за акредитација, акредитира се и сешто, додека, одборот за  евалуација (како што истакнав) практично не профункционира, што значи нема проценка, вреднување, правилно оценување. Тогаш немаме контрола и незнаеме со каков квалитет работаат универзитетите-нивните единици. Во кој правец треба да се движиме, ако сакаме да имаме современо квалитетно високо образование на Балканот, Европа и светот.Затоа, ништо не е за изненадување што нашите македонски универзитети доживуваат бродоломи во високото образование и наука.Образованието е столбот на државата. Какво ни е образованието таква ни е државата. Жално ама вистинито- ХИБРИДНО!!!

Автор: Ѓорѓи Илиевски, Виш просветен инспектор во пензија за НетПрес