Македонскиот џез состав Sethstat со нов албум

Совршен аудио продукт за модериот слушател со повисоки естетски стандарди.

Во сабота на 16 февруар излегува новиот, деветти по ред, албум на Sethstat (Сетстат), еден од водечките бендови на современата македонска џез музика.

Речиси 30 години постоење и работа во континуитет зборуваат за импозантно искуство, кое е втакено во совршената џез ДНК на овој албум. Нумеричка мистично “9IX”, ова е несомнено најзрелиот, најкомплетен и секако досега најдобар албум на Sethstat (Сетстат).

Дело со совршен баланс помеѓу елементите, кое се преслушува во една долга содржајна голтка. Од фуриозни панк-фанк бркотници, преку грациозни емоционални мигови и длабоко екпериментални импровизации, се до музички беспрекорна убавина. Совршен аудио продукт за модериот слушател со повисоки естетски стандарди.

Албумот го издава скопската дискографска куќа “PMGJazz” (ПМГЏез), а го најави видео синглот за композицијата Balthazar (Балтазар), изработен од господинот Alexandros Stamatiou (Александрос Стаматиу), долгогодишен соработник и пријател на бендот. Албумот ќе биде достапен на ЦД и на бенд кемпот на ПМГЏез (https://pmgjazz.bandcamp.com/)