Македонскиот наведен како засебен јазик, покрај српскиот и грчкиот, во Зборник од 1849 година

Во време кога се врши атак врз македонскиот јазик и идентитет, при што пропагаторите против Македонците, македонската историја и македонскиот јазик мафтаат со тврдења дека „македонската нација ја измислил Тито“, а македонскиот јазик бил „бугарски дијалект“ еве еден историски документ за Македонците и македонскиот јазик издаден многу години пред да се роди Јосип Броз Тито, пред да дојдат „администраторите“ со пушки и топови во Македонија во 1941 година.

Документот е објавен на страницата на Фејсбук која се занимава со историски прашања од поблиската и подалечната историја на Македонија.

– Македонскиот наведен како засебен јазик во Зборник од 1849 година. Редакцијата на зборникот „Легенди на рускиот народ“ и составувачот, рускиот етнограф-фолклорист и палеограф Иван Сахаров, во 1849 година го навеле македонскиот како засебен јазик, покрај српскиот и грчкиот, меѓу другите јазици. ИЗВОР: „Сказания русского народа“, собранные И. Сахаровым, Том второй , Книга пятая, шестая, седьмая и осьмая, Санкт Петербургъ, 1849, стр. XIII.- се посочува во објавата на Macedonia: a True Endless Story … на социјалната мрежа Фејсбук.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.