Македонскиот пејач стана татко по втор пат – му даде уникатно име на бебето (ФОТО)

Поп-пејачот Димитар Андоновски утрово на својот профил на Инстаграм сподели прекрасна вест. Неговата сопруга Христина на свет донесе машко бебенце.

Ова е нивно второ дете. Пред неколку години прва радост за пејачот и неговата сопруга беше малечкиот Михаил.

„Ти благодарам предобар Господи што денес јас и Христина Андоновски по втор пат сме благословени, и од денес ќе му се радуваме на нашиот втор син. Добродојде сине Гаврил да ми си здрав жив и благословен да се радуваме заедно цел живот“, напиша тој.