Македонскиот ракомет загуби уште еден спортски работник

Македонскиот ракомет загуби уште еден спортски работник, откако вчера почина Владимир Михајловски – Папс (1949) кој целиот свој живот го посвети на Вардар.

Тој беше дел од Вардар во времето кога „црвено-црните“ почнуваа да владеат во македонскиот ракомет и сведок на успесите на „црвено-црните“, почнувајќи од легендарната сала Расадник до Кале, на првите европски настапи и искачувања.

Во време кога Михајловски беше дел од Вардар, дојдоа и првите трофеи, во Купот и првенството на Македонија. Потоа следуваше период на доминација на вардарци, а Михајловски постојано беше со тимот, кој покрај што беше дел од раководните структури често знаеше и да седи на клупата.

Без еден од основачите на МРК Вардар, вториот тим на Вардар каде продефилираа многу млади играчи кои потоа продолжија во сениорскиот состав, а најголемиот дел од нив станаа и репрезентативци на Македонија.

Во еден период беше и дел од репрезентацијата, во младинска и сениорска конкуренција постојано следејќи ги ракометарите.