Македонскиот срам на Зоран Заев и Пендаровски

Деновиве се изнаслушавме за разните скандали на функционерите, за криминалот и корупцијата, непотизмот… Извештајот на американскиот Стејд департмент и порача на Владата на Зоран Заев „наместо најави да превземете конкретни мерки против корупцијата кои го има на високите ешалони на Власта и институциите“.

За да на последново искажано премиерот на нашава земја (како милува да ја нарекува), за мене Македонија да изјави дека: „Јас, министрите и директорите не сме корумпирани, тие на шалтерите се, односно оние од третиот ешалон“. Трагикомично искажано од Зоќи (вака милува да го нарекува Русјаков-нека ми прости). Добро, ако е третиот ешалон Зоране, како што искажуваш. Дали тие од третиот ешалон имаат раководители!!! ДА имаат, тие раководители, кој ги поставил?? ТИ бре Зоране ( сите се партиски поставени во овие години). За криминалот и корупцијата со рекети, марихуани се од „третиот ешалон“. Не бре Зоране, тука се вмешани твои луѓе блиски. Можеби се овие твоиве од третиот ешалон.

Сигурно, од твојот „трет ешалон“ ти е и специјалниот советник и финансиер на твојата партија СДСМ, преку бордот на Телеком до Судски совет, Тања Чачаровска Илиевска (адвокат) за член на Судскиот совет. Ова Зоране, не е ЕВРОПСКА ВРЕДНОСТ и НЕЗАВИСНО СУДСТВО, туку ова е како што пишувам во мојата најнова книга Македонија со хибриден криминален режим, ова не е правна држава. Партизирани и корумпирани институции под контрола твоја Зоране!

Уште нешто Зоране, за твојот „третиот ешалон“, скандал… Македонската олимписка делегација на Олимписките игри за Токио, почнувајќи од твојот миленик претседателот на МОК, Даниел Димевски, на списокот ја ставил својата сопруга, да небиде покусо таму се наоѓа сопругата на директорот („трет ешалон“) на АМС-Наумче Мојсовски. Зошто само тие, па директорот на МОК Владимир Богоевски да покаже сила го пријавува својот син како дел од олимписката делегација. Браво за овие од „третиот ешалон“, партиски поставени луѓе од тебе, Зоран Заев. Ова е голем скандал, привилегии за моќници. Зоране, кој го постави овие партиски луѓе. Дали има овде злоупотреба, непотизам и парични криминал. Ајде Николовски, определен за криминал. Но, за каков криминал? Понатака, претседателот Пендаровски, треба да одговори. Дали му е партизирана Комисијата за помилување (СДСМ-ДУИ) или е експертска комисија?

Еве зошто!

Претседател на Комисијата за помилување е Сабит Кранли, поранешен судија во Врховен суд, неговиот внук Ветон Кранли е поставен за Началник на организиран криминал во БЈБ, кај Оливер во МВР, после итното пензионирање на Лазе Велковски. Понатака, братот на Ветон Кранли, Емин Кранли е Началник на ОВР Ресен. Ова не е   непотизам, нема партиски помилувања, дали се случајни овие роднински врски?. Ајде Заев, Пендаровски, Николовски и Оливер, чекам одговор. Што се крие зад сето ова. Или, одговорите на ова: Во Комисијата за помилување во кабинетот на Пендаровски е и пензионираниот судија од Кичево Божин Аврамовски, поранешен претседател на  судот во Кичево. Претседател Пендаровски, одговорете! Дали е точно, на предлог на неговата ќерка која е Генерален секретар на град Скопје  кај Шилегов, од СДСМ е поставен за член на оваа комисија. Чекам одговор!!!. Ајде Заев, Пендаровски, Николовски и Оливер, испитајте. Дали е точно дека ќерката на Божин Аврамовски, Викторија Аврамовска Мандиќ е позната по тоа што во изминатиот период сите тендери ги доделила на сопругот на нејзината сестра Димитар Петрески. И, Дали е точно дека Викторија Аврамовска Мандиќ со реформите во СДСМ од пред некој месец е поставена за член на Надзорниот одбор на СДСМ.

Претседател Пендаровски само да Ве потсетам за поднесената Преставка под бр. 12-38 од 26.04.2021 година, а во врска неприменување на владеењето на правото во областа на високото образование во нашата држава-Македонија.

Чекам одговори, од Вас од првиот ешалон. Повелете.

Автор: Ѓорѓи Илиевски, Виш просветен инспектор во пензија за НетПрес