Македонските државјани ќе патуваат со лична карта во БиХ

Македонските државјани ќе може да патуваат во Босна и Херцеговина со лични карти.

На седницата на македонската Влада во вторникот велерта е разгледан и прифатен Извештајот за завршени преговори за усогласување на текстот на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Советот на министри на Босна и Херцеговина за условите за патување на државјаните на двете земји со лични карти.

По усогласувањето на спогодбата и по ратфикацијата во собранијата, граѓаните од двете земји во Македонија и во Босна и Херцеговина ќе можат да патуваат со лични карти, соопшти владината прес-служба.

Со претходните ратификуавни договори, македонските граѓани само со лична карта може да патуваат и во Србија, Црна Гора, Косово и Албанија.