Македонските екипи ги почнуваат квалификациите за Лига Европа

103

Екипите од Македонија кои изборија учество во квалификациите за Лига Европа во текот на денешниот ден ќе ги имаат своите први настапи.

На домашен терен ќе игра само Шкендија, додека Работнички и Пелистер ќе гостуваат.

Шкендија со почеток во 18 часот во Струмица ја пречекува молдавската екипа Дачија.

Тимот на Работнички гостува во Сан Марино кај Тре Пене. Овој дуел ќе стартува во 20 часот и 30 минути.

Последните од македонските екипи во 1-то коло од квалификациите за ЛЕ својот настап ќе го започнат фудбалерите на Пелистер. Нивниот меч против Лех во Полска почнува во 20 часот и 45 минути.

Покрај овие три дуела,  денеска ќе се одиграат уште 47 од оваа квалификациска рунда.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.