Македонските „екстремисти“ и „терористи“ згрозени, загрижени и горди, бараат расчитување на случајот „Атлантик“

Личностите кои биле прогласени за македонски „екстремисти“ и „терористи“во предемтот „Атлантик“ од страна на УБК (АНБ), а кој денеска беше објавен од политичкиот активист Љупчо Палевски – Палчо на прес-конференција, со цел да успее референдумот за промената името, се згрозени, но и прочитани. Некои од нив бараат до крај разреши случајот, за да стане јасно дали човек е терорист ако пишува колумни, пишува со спреј и е за зачувување на уставното име.

„Згорзен сум од тоа што го слушнав од господинот Палевски. Верувам дека е точно се што тој вели, зошто и самиот ги забележував оние што ме следеа. За жал, државната безбедност и натаму е рак-рана на македонското општество. Прсилсушкувањето било за пратиски цели, но никако за државни интереси. Погрешно ја оцениле опасноста. Наместо да го следат Боки 13 тие ме слделе мене и ме прислушкувале. Власта ќе ја изгубат од Боки 13, а не од мене. Значи, погрешно ги дефинирале своите непријатели. Вина не гледам во Заев и СДСМ, туку кај слугите во ДБК и тие што им го  одобриле тоа грозоморно удбашко следење“, ни рече лидерот на ГРОМ Сетвче Јакимовски кој ја немаше гледано прес-конфренецијата на Љупчо Палевски, туку слушнал од пријатели.

Сотир Костов кој беше активно вклучен во движењето „Бојкотирам“ вели дека знаеле оти прислушуваат и следат.

„По наши канали добивме информација, откако фрлаа чадни бомби пред Собрание на нас. Кога ја повредија Арна Шијак сфативме дека си имаме работа со режим. Веднаш се реорганизравме затворивме три штаба и отворивме нови, затоа што биле озвучени. Се организиравме во ќелии и не успеаја да не најдат. Сите тие мерки не му помогнаа на Оливер Спасовски. Ги надмудривме како граѓани. Го победивме режимот и референдумот на успеа“, изјави Костов.

„Длабоко сум загрижена за квалификациите кои ми се доделени во предметот со кодно име „Атлантик“. Имено, во истиот јас сум квалификувана како „екстремист“ и „терорист“. Ова претставува длабоко нарушување на личните човекови права и слободи. Впрочем, сите ние кои бевме активно вклучени во бојкотот, ги браневме нецивилизираните постапки кон македонскиот народ и неговото право на самоопределување. Браневме колективни права и слободи, но и лични“, вели лидерката на Глас за Македонија Слоза Грчева на својот Фејсбук коментирајќи ги сознанијата што ги објави Палевски на прес-конференцијата.

„Државата која мораше да додели пари за сите три опции на референдумот (за, против и бојкот, според Кодексот за референдуми на Венецијанската комисија), одбра да ги искористи сите наши пари за конечно неуспешниот референдум. Со тоа ја избрука државата на меѓународно ниво, уште повеќе кога лажеше дека неуставниот референдум успеал.

Ако се овие наводи точни, за што ќе побарам увид во материјалите, тогаш барам итно државните институции да го расчистат овој предмет и да ми објаснат лично во што се состоел мојот „екстремистички“ активизам. Дали во јавните настапи на трибини, на протести, дали во печатењето на маички, дали во купување на спрејови за пишување „бојкот“ на јавни места, дали во пишување на интелектуални колумни ?!

Ако е сето тоа тероризам, јас сум „терорист“ и барам веднаш да бидам повикана на распит.

Нема да дозволам овој предмет да згасне како да не постои, за утре некој недоветен и зол лик, да го извади од фиока кога најмалку ќе очекувам.

Ако пак не докажат дека сум била „екстремист“ или “терорист“, ќе барам отштета за нарушениот углед“, потенцира Грчева и доадава: „Да живее Република Македонија“!

„Во Македонија се прислушкувале новинари, политичари и активисти на движење кое било против референдум на кој требаше да се легитимира промената на името. За среќа, референдумот беше неуспешен.

Еден од следените сум бил и јас. Ви благодарам. Ме запишавте во историја како борец за Македонија и нејзиното име. И никогаш нема да се откажам од таа борба“, вели во првичната реакција уредникот во порталот Инфомакс.мк Александар Митовски.

„Иако денес беше најавена прес-конференцијата на Љупчо Палевски на која беа подготвени папки со документи од прислушкувањето да бидат поделени на колеги новинари, имаше само две екипи – нашата и на порталот „Лидер“. И една новинарка од друга редакција.

По завршувањето на пресот, само две редакции решија да побараат моја изјава, на „Алфа“ и на „Нетпрес“. За Палевски претпоставувам никој се уште не се потрудил да му се јави.

Не, не ви е Зоран Заев, Сашо Мијалков, Џони, Јовче и редица други виновни што ве/не прислушкуваат. Никој не ви е виновен што живееме во држава во која сопственото убедување е криминал и тероризам. Во држава во која демократското право на самоопределување е право само на оној кој ќе ви се јави по телефон и ќе ви каже како да бидете убедени.

Од новинари ќе Ве сведат на држачи на микрофони. Сите нас, цела новинарска фела“, нагласува Митовски и додава дека за Зоран Заев нема што да каже.

„Воајер со кого треба да се позанимава психопатолог. Слушаше 120.000 телефонски разговори за да дојде до власт. Сега слуша новинари и политичари.

Не може Заев ништо повеќе да зборува. Ни за демократија, ниту за слобода, ниту за институции кои не се злоупотребувале, ниту дека немало прислушкување.

Заев е диктатор, а државата е позаробена од било кога досега.

Или да бидам попрецизен, државата се претвори во терористичка организација. Организација која тероризира народ“, констатира Митовски