Македонските фирми „Симболико“ и „Алфазет“ за 3 милиони евра ќе ѝ помагаат на германската „Дерамолг“ за спроведување на изборите

85

Фирмата која се држеше во тајност по објавувањето на тендерот, а ќе работи на изборите како подизведувач на германската „Дермалог“ е скопската компанија „Симболико“ ДООЕЛ. „Симболико“ е една до двете компании која добитникот на тендерот „Дерамолг“ ја ангажирала како фирма подизведувач. Газдарица и основач е Елена Соленаји, а фирмата е основана во 2007 година. Во 2014 ја менува дејноста и почнува да се занимава со повикувачки центри. Лани фирмата на скопјанката Соленаји прикажала добивка од само 20.000 евра, објави Телма.

Во бизнисот за читачи на отпечатоци на овие избори е вклучен и поранешениот одбојкарски репрезентативец Јовица Симовски. „Алфазет“ од Белгија ја донел во Македонија како партнерска фирма од областа на биометријата на скенирање. „Алфазет-Македонија“ исто ќе добие 1,5 милиони евра за надгледување на употребата на читачите набавени од германската „Дермалог“ на денот на изборите.

И двете компании од земјава не откриваат како успеале да се најдат на радарот на германската „Дерамлог“, која го доби тендерот и за 11 милиони испорача читачи на отпечаток, но се знае дека лани МВР му продале повичкувачки кол центар за 1.800.000 евра преку 4 јавни набавки.

Од Државната изборна комисија за Телма потврдуваат дека овие две фирми ќе работат на обука и спроведување на уредите, но за нивниот избор немало влијание туку одлуката си ја донел германскиот добитник на тендерот, иако ДИК му дозволил да плати најмногу една третина од вкупната сума на тендерот за подизведувачи.

11 милиони евра или 2.750 евра за еден читач е цената која ја платија македонските граѓани, а фирмата добитник ја избра и потпиша претседателот на ДИК, Александар Даштевски. Останатите три конкуренти на тендерот отпаднале бидејќи не доставиле комплетна документација.

Германскиот весник, „Велт ам Зонтаг“ објавува дека фирмата „Дермалог“ без тендери добивала договори за испорака на биометриска опрема, како апарати за отпечатоци за прсти во неколку држави. Спорни се постапките за набавка во Авганистан и Хаити, но весникот го споменува и последниот тендер за локалните избори во Македонија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.