Македонските граѓани НЕ би прифатиле почеток на преговори со ЕУ, по цена Македонија да се согласи со „францускиот предлог“

Институтот за Политички Истражувања од Скопје (ИПИС) спроведе кратко телефонско истражување во периодот помеѓу 4 и 6 јули 2022 на 1114 полнолетни испитаници на ниво на Република Македонија.

Во истражувањето граѓаните ги изразуваа своите ставови за нивната поддршка за политичките партии, како и за одредени актуелни прашања во моментот.

Дури 72,80 проценти од етничките Македонци и 56 отсто од вкупниот број на испитаници, НЕ би прифатиле почеток на преговори со ЕУ, по цена Македонија да се согласи со „францускиот предлог“.

Најголем дел од испитаниците Македонци (62,80%) сметаат дека новиот предлог е ист како претходниот со мали, козметички, несуштински измени.

Од вкупниот број на испитаници, само 28,8% веруваат дека предлогот е нов, а 48,2% го тврдат спротивното.

Од испитаните етнички Македонци, дури 67,7% се изјасниле дека ги поддржуваат протестите со кои се отфрла „францускиот предлог“.