Македонските кошаркарски репрезентативци до 18 години ја забележаа и третата победа во третиот настап на Европското првенство – Б дивизија во Романија. Вечерва пулените на тренерот Тони Симиќ славеа победа над селекција на Грузија со 87-79.
Со оваа победа нашите кошаркари се многу блиску до четвртфиналето на првенството во Орадеа. Во последните две кола македонските репрезентативци ќе ги одмерат силите со аутајдерите во групата, селекциите на Данска и Словачка.
На денешниот натпревар со Грузија најпрецизен кај Македонија беше Андреј Јакимовски со 33 поени. Андреј Андоноски постигна 16 поени, Виктор Исајлоски 15 поени, а Павел Данаиловски 10 поени.