Македонските одбојкари во полуфиналето на Европската сребрена лига

Македонската одбојкарска репрезентација доби можност да игра во полуфиналето на Европската сребрена лига. „Спартанците“ изборија учество помеѓу четирите најдобри во Сребрената лига, откако попладнево Романија ја победи Албанија со максимални 3:0 (25:18, 25:19 и 25:22).

Македонците вчера беа поуспешни од Босна и Херцеговина исто така со максимални 3:0 и го исполнија првиот предуслов за пласман во полуфиналето.

По шесте кола во Б-групата, Романија го освои првото место со 14 бода, Македонија е втора со 10, Албанија има исто така 10 на третото место, но со послаб сет-количник. Босна и Херцеговина е последна со два бода.

Од А-групата, полуфиналисти се Финска и Унгарија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.