Македонските одбојкари загубија од Украина, ги намалија шансите за пласман на ЕП

Репрезентацијата на Македонија вечерва загуби на гостувањето во Запорожје кај Украина со 3:1 во 5.коло од квалификациите за Европското првенство.

Украина ги доби првите два сета со 25:19 и 28:26, следуваа моменти на „црвено-жолтите“ и радост во третиот сет по 25:23, за во четвртиот сет домаќините да го решат мечот по 25:23.

По овој пораз македонските одбојкари значително ги намалија шансите за пласман на евро-шампионатот со оглед на победата на Швајцарија против Унгарија на другиот натпревар од оваа рунда во Ф-групата.

Македонија во последното коло, на 9 јануари ќе брка максимална победа против Унгарија и ќе чека поволни резултати на натпреварите во другите групи за да биде меѓу второпласираните што ќе одат на ЕП.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.