Македонските општини изгубени во простор и време, не знаат како да искористат грантови од Светска банка

59

Поради незнаење, нестручност и немање доволно капацитет за самите да аплицираат за да добијат пари од грантови, Светска банка реши да им помогне на дел од општините во земјава. На 35 од нив им изготви и им плати проектна документација за изградба на нови патишта.

„Квалитетни проекти и квалитени предлози се најважната состојка за да имаме успешно спроведување во вашите општини. Финансираме 70 милиони евра инвестиции во локални патишта со Министерството за транспорт, каде што општините ќе имаат пристап до овие финансии на грантовска основа и ќе таа варира по општина од 150 илјади евра за најмалиот до 1,7 милиони евра за најголемиот“, рече Марко Мантованели- директор на канцеларијата на Светска банка во Скопје.

Со изготвената проектна документација, општините ќе треба да се обратат во Министерството за транспорт. Потоа ќе следуваат потребните постапки како тендери и јавни набавки.

„Покриена е цела држава и со тие средства нема да располагаат општините, туку со донесените проекти овде, министерството ќе врши јавни набавки и тендери на тие проекти…“, рече Горан Сугаревски- министер за транспорт и врски.

Овој проект на Светската банка наменет за изградба и санирање на локални патишта во должина од 270 километри се однесува на 78 општини. Денеска се доделија проектите за првите 35 од нив со должина од околу 105 километри.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.