Македонските ракометари до 19 години поразeni од Грција на ЕХФ шампионатот во Скопје

Македонската машка репрезентација за ракометари до 19 години со пораз од Грвија од 26-30 го започна ЕХФ-шампионатот во Скопје.

Нашиот национален тим се надигруваше до 3-3, а потоа го препушти водството кај грчките ракометари.

Тие започнаа да градат позитива која во првиот дел се искачи на највисоки шест гола разлика. Гостите имаа подобар период, па заслужено заминаа на одмор во подобро расположение.

Најблиску македонските надежи стигнаа до 25-27 на три минути до крајот. Грците малку се опуштија, мислејќи дека направија доволно за да запишат први бодови на шампионатот. Тогаш следуваа два гола во низа во македонската мрежа, што беше крај на шансите за било каков пресврт во завршницата од мечот.

За два дена македонската репрезентација ќе ги одмери силите со Полска во рамките од второто коло. Шансите за првото место во групата за Македонија се минимални, со оглед на високата победа на полскиот тим во првото коло над Грција.

Илиоски и Ѓоргоски со по пет гола беа најефикасни кај нашиот тим, а Митев додаде четири погодоци.

foto: gol.mk

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.