-0.2 C
Skopje
недела, февруари 5, 2023

Македонско движење за самоопределување ја отфрла унитералната изјава на МНР – Македонците во Албанија говорат македонски дијалект

Македонското движење за самоопределување од Албанија (МДС) целосно ја отфрла унитералната изјава на МНР, а во врска со македонскиот јазик со која се тврди дека само на денешна територија на Македонија се говори на дијалекти, а не и во останатите земји од регионот кај што живеат Македонци, е произлезена под притисок на бугарските власти.

Со оваа реакција сакаме да им укажеме на министерот Османи и Владата во Скопје дека во сите соседни земји живеат Македонци кои говорат на македонски дијалект, реагираат од македонското движење на унитералната изјава на МНР, во која се вели дека на дијалекти се говори само во постојните граници на Македонија.

Во продолжение интегрален текс од реакцијата на МДС на македонски мајчин дијалект што го говорат Македонците во Република Албанија:

“Големите во Маќедонија треба да разбере ути во Албанија, Булгарија, Грција и друјсте земји жиет Маќедонци и зборве маќедонсќи јазик, зато големите во Маќедонија да не си игре со маќедонцките работи и да не са пазаре со Булгарите, ути тие не на саќе ко народ.

Европа да не спије и да го види фашизмо на Булгарија во 21 век, ути ако се прај ќора пред ово што му го прае Булгарија на маќедонцкиот народ, тогаш и та е на нивна стрна и го поможва фашизмо”.

МДС му порачва на булгарските власти дека ова што го чите не е никаков булгарски јазик, туку чист МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК (дијалект), пренесен од колено на колено уште не каку што велите во 45та, туку уште пред да ја поделите Маќедонија, во 1912 година на Еѓејска Маќедонија, Пиринска Македонија и мал ден кој што му падна на Албанија.

На македонски литературен јазик како движење на сите негатори на Македонија и Македонците им порачуваме дека МАКЕДОНИЗМОТ ќе ги надживее сите нив.

Ќе ги надживее и Радевци и Петковци, Бојковци и сите други кои што застанаа на погрешната страна на историјата, бидејќи истите не знаат дека МАКЕДОНЕЦ се раѓа, а не се станува!!!, се вели меѓудругото во реакцијата на МДС.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.