„Макфест“ и оваа година на отворено со 26 нови песни

53

Фестивалот на забавна музика „Макфест 2021“ годинава повторно ќе се одржи на отворено, поради здравствените протоколи.  Дваесет и шест песни ќе бидат изведени на сцената на Аква бела ресорт на 17 и 18 септември. Публиката во шоу програмата ќе ја забавуваат „Тумбао салса бенд“, првата вечер, а втората вечер ќе настапат Дац и Александар.

Инаку штипјани синоќа на сцената на Центарот за култура „Ацо Шопов“ уживаа во макфестовските хитови.  По повод Денот на независноста од страна на Владата беше подржан проектот „ 30 хитови од Макфест“ за 30 години независност. Публиката потпевнуваше  на хитовите и победничките песни на „Макфест“, кои се испеани во изминатите 35 години.

На сцената беа Рената Кралевска и Мартина Митревска. Хитовите се пееја во живо. Настапија Ристо Самарџиев, Димитар Андоновски, Александра Јанева, Ѓоко Таневски, Наде Тружба на Камерен оркестар на Битола – IWCONNECT

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.