Макпетрол ги повлече спорните мапи по острите реакци, каде Брод и Каменица се без Македонски

368

По острите реакции Макпетрол ќе ги препечатува картите каде Брод и Каменица се без Македонски.

Во новите карти на Македонија, каде се мапирани бензинските станици на Макпетрол, нецелосни се имињата на градовите Македонија Брод и Македонска Каменици. Бришењето на Македонски од имињата на градовите, ги разжештија граѓаните, кои остро коментираа на социјалните мрежи. Новите карти траеја само неколку дена, по што Макепетрол издаде соопштение, со кои најавува препечатување на картите.

-Макпетрол АД Скопје ги повлече од дистрибуција спорните мапи во кои поради ненамерна техничка грешка топонимите Македонски Брод и Македонска Каменица беа наведени како Брод и Каменица без додавката македонски.Воедно ја информираме јавноста дека од наредниот викенд на граничните премини Табановце и Богородица на странските туристи ќе им биде поделена нова едиција патни карти со исправена техничка грешка, соопштија од компанијата.

Во Договорот од Преспа не е предвидено менување на имињата на топонимите, кои во името содржат македонски. Токму поради тоа граѓаните револтирано и остро ги дочекаа картите на Макпетрол со коментари дека сами се цензурираат.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.