Макрон ја подготвува Франција за можна војна

Францускиот претседател Емануел Макрон се подготвува да ја претстави новата доктрина на националната стратегија за можна војна, пишува парискиот дневен весник Le Figaro.

Се забележува дека новата доктрина е изработена како итност, извлекувајќи ги поуките од конфликтот во Украина, и претставува првиот чекор пред дебатата за следниот закон за воената програма за периодот од 2024 до 2030 година. Имплицитно, тој исто така е подготовка на духот за можноста од војна. „Тоа е промена на менталитетот која мора успешно да биде спроведена“, велат од Елисејскиот дворец.

Новата француска воена доктрина всушност треба да биде продолжение на документот усвоен во 2017 година и вклучува десет стратешки цели со кои Франција ќе ги заштити своите интереси. Меѓу другото, содржи и ставка за воената економија, но притоа не се споменува „општа мобилизација“.

Во документот, како што наведува весникот, се вели дека Вооружените сили на Франција ќе мора да ги „коригираат слабите места“, додека властите треба „да ги преиспитаат своите стратешки амбиции низ призмата на разорувањето на светскиот поредок“.

Сегашниот модел на француската армија вклучува учество во експедициски мисии, но не и во конфликти со висок интензитет. Новата доктрина, пак, претпоставува соодветни трансформации до 2030 година. Документот споменува три клучни столба кои ќе ѝ осигурат нови можности на земјата: нуклеарно одвраќање, конвенционално вооружување и мобилизација за „заемна поддршка“.

Доктрината, исто така, го вклучува учеството на земјата во разни сојузи, особено во НАТО. Се наведува и дека проширувањето на сферата на интереси на Франција бара решавање на кризите заедно, а не засебно.

Притоа, доктрината не укажува на средствата за постигнување на целите. Весникот цитира неименуван парламентарец, којшто го оценува документот како „исклучително амбициозен“ и дека „не соодветствува“ со капацитетите на Франција.

Дополнително, во документот како една од целите се споменува и „европска стратешка автономија“. Во текстот на Le Figaro се истакнува дека во моментов во не учествуа само фРанција.