Свет

Макрон е се’ понепупуларен меѓу Французите, поддршка од само 25 отсто

Макрон е се’ понепупуларен меѓу Французите, поддршка од само 25 отсто

Францускиот претседател Емануел Макрон последните седмица станал уште понепопуларен меѓу своите сонародници, според најновото истражување на јавното мнение од кое резултатите се објавени во неделата, во моментот кога земјата е зафатена од протестите поради најновото зголемување на данокот на горивата.

Само 25 отсто од испитаниците рекле дека се задоволни од работата на претседателот Емануел Макрон, наспроти 29 отсто во октомври, покажува испитувањето на институтот Ifop спроведено од 9-ти до 17-ти номеври врз примерок од 2.000 избирачи, кое редовно го објавува неделникот Journal du Dimanche.

Популарноста на францускиот претседател Емануел Макрон продолжува со надолниот тренд и сега е на најниското ниво откако во мај 2017 година ја презема должноста. Во другите испитувања на јавното менние објавени претходно седмицава, падна на само 21 отсто. На почетокот од ноември беше обајвена анкетата на Ifop според која Макрон ужива доверба од 19 отсто од анкетираните Французи, а неговата противкандидатка од претседателските избори од крајната десница Марин Лепен има рекордна поддршка од 21 отсто.

Макрон кој на власт дојде пред година и половина со ветувањата дека ќе ја трансформира економијата и ќе ги реформира институциите, го пренабрегнува падот на својот рејтинг и инсистира на спроведување на низата реформи, вклучително и пофлексибилните законски прописи за отпуштањата и вработувањата на работниците.

Неговата влада ги зголеми даноците на горивото за да ги поттикне возачите да купуваат автомобили кои помалку ја загадуваат околината, што ги разгневи жителите особено во руралните области каде што, како и воопшто во цела Франција, се преферираат дизел моторите, особено во заднината на растот на цените на нафтата во октомври на светските пазари.

Гневните возачи но и други незадоволници, од кои многумина го обвинуваат Макрон дека го загубил допирот со обичните луѓе, ги блокираа во саботата патиштта ширум земјата, во рамките на протестот наречен „Жолти елеци“ кој провлече речиси 300.000 луѓе. Блокадите на приодни патни правци кон градовите, кај наплатни рампи и на кружни текови и во неделата не беа отстранети. Фрустрираните возачи во саботата се обидоа да се пробијат преку блокадите при што се повредени повече од 400 луѓе, од кои 14 се во критична состојба. Демонстрантка загина кога на неа налетала со возило жена во паника која ја превезувала својата болна ќерка. Притворени се најмалку 157 лица, соопшти министерот за надворешни работи, Кристоф Кастане.

Во друго истражување на Ifop, објавено исто така во неделата, 62 отсто од испитаниците рекле дека владата треба да стави приоритет на политиките коишто на домаќинствата ќе им помогне, па дури тоа да значи и побавно напредување во заштитата на природната средина. Министерот за екологија, Франсоа д’Руги, изјави дека владата нема да попушти кога станува збор за заштитата на околината. Даноците повторно ќе растат во јануари, вклучиетлно и за дизелот, најчесто користеното гориво во земјата.