Макрон: ЕУ да поддржи мирни протести во Белорусија

Францускиот претседател, Емануел Макрон, вчера ја повика ЕУ да поддржи мирни протести на стотици илјади луѓе кои во Белорусија бараат заминување на претседателот Александар Лукашенко.

-ЕУ мора да продолжи да се мобилизира на страната на стотици илјади Белоруси кои мирни протестираат за зашита на своите права, слобода и суверенитет“, напиша Макрон на Твитер.

Оваа порака ја испрати додека десетици илјади лица во неделата навечер во Минск преку протести бараа заминување на Лукашенко кој одбива да ја препушти власта, една недела по спорните претседателски избори на кои однесе победа.

Француските известувачки агенции, во контекст на оваа изјава на Макрон, проценуваат дека на протест излегле над 100.000 демонстранти во елорусија, додека некои медиуми пишуваат и дека ова е најголемиот собир од независноста на земјата во 1991 година.

ЕУ во петокот даде зелено светло за санкции против белоруските функционери, кои се поврзани со полициска репресија над демонстрантите и измами при гласачкиот процес.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.