Макрон ги обвинува Вашингтон и Лондон за блокирање на извозот на вакцини

Францускиот претседател, Емануел Макрон, ги обвини Велика Британија и САД за блокирање на извозот на вакцини против коронавирус, пишува британскиот весник „Телеграф“.

 Макрон вели дека е подготвен да го разгледа повикот на американскиот претседател, Џо Бајден, производителите на вакцини за коронавирус да се одречат од патентните права, но истакна дека во глобалната борба против коронавирусот многу е поважно Вашингтон да ја укине забраната за извоз на вакцини.

– Денес, Англосаксонците блокираат многу состојки и вакцини, а 100 проценти од дозите произведени во САД се наменети за нивниот пазар – нагласи Макрон, истакнувајќи дека ЕУ се бори вакцините да бидат јавно добро.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.