Макрон ги предупреди Французите дека дошол „крајот на изобилството“

Францускиот претседател Емануел Макрон предупреди ги предупреди во средата сонародниците на „голема промена“ којашто ќе донесе „крај на изобилството“ и на „безгрижноста“.

„Доживуваме голема промена“, предупреди Макрон на отворањето на седницата на француската влада, алудирајќи на неодамнешната низа „сериозни криза“, од војната во Украина, недостигот од енергенси и сушата.

„Можеби се чини дека моментот во кој живееме е структурира со низата сериозни кризи (…) и некои би можеле да ја видат нашата судбина како постојано управување со кризи или итни ситуации. Според мене, верува дека ова низ што минуваме е повеќе голема промена или голем пресврт“, рече Макрон пред своите министри на состанокот на владата којшто невообичаено за Франција овојпат е директно пренесува на телевизијата.

На оваа ситуација „нашите сонародници може да реагираат со вознемиреност“, додаде Макрон и поради тоа ги повика членовите на неговата влада да ги „именуваат работите многу јасно и без катастрофичност“.

„Очекувам дека владата да ги почитува дадениот збор и обврските коишто ги преземавме во однос на нацијата“, додаде францускиот претседател.

Макрон ги повика своите министри да не потклекнат пред демагогијата и да бидат сериозни и веродостојни.

„Секогаш може да изгледа привлечно да се каже она што луѓето сакале да го слушнат (…), но прво мора да се запраша дали тоа е ефикасно и корисно“, додаде Макрон.