Макрон ги слушнал грижите на Французите, но ќе ја задржи насоката на реформите

Францускиот претседател Емануел Макрон ги поздрави оправданите барања на неформалното граѓанско протесно движење Жолти елеци, чиишто проблеми ги сослушал, но предупреди дека ќе го задржи правецот на своите реформи кои од ланскиот ноември предизвикаа незапаметен бран протести, на почетокот од неговиот долгоочекуван говор во четвртокот.

Речиси шест месеци по почетокот на протестното движење кое трае од 17-ти ноември 2018 година секоја сабота на улиците на француските градови, говорот на претседателот Емануел Макрон беше насочен на завршувањето на протестите.

Макрон порача дека ги примил на знаење „длабоките рани од чувството на напуштеност, недоволното уважување, понишувањето“ кои демонстрантите ги истакнале во текот на протесните поворки на Жолтите елеци. „Го слушнав, разборав и го почувствуван она што тие го преживуваат“, рече францискиот претседател.

„Меѓутоа, не смее да бидат запрени важните промени кои треба да се направат во нашата земја, бидејќи тие одговараат на тежнеењата на нашите граѓани“, порача Макрон. Тој е убеден дека од „многу ставови се преземени исправни акции во текот на првите две години, дури и доколку не беа доволно брзи, радикални или хумани“, рече.

Пред француските и странските новинари претседателот Макрон одржа долг говор и потоа одговараше на новинарски прашања.

За да потврди дека го слушнал огорчувањето искажано во текот на протестите поради губењето на куповната моќ и фискалните неправди, францускиот претседател вети значително намалување на данокот на приходите и повторна индексација во согласност со инфлацијата на пензиите пониски од 2.000 евра од 1-ви јануари 2020 година. Се обврза и на длабока реорганизација на јавната управа поради јакнење на јавните служби надвор од големите градови и изрази жалење поради тоа што нема доволно луѓе на теренот за потребите на сѐ постарото население.

Во врска со недоволната демократија на којашто предупредуваат демонстрантите, Макрон предложи олеснување за покренувањето на реформите на иницијатива на граѓаните за што би се изјаснил парламентот штом ќе се соберат милион потписи, додека досега беше потребно да се соберат 10 отсто од вкупното гласачко тело, или неколку милиони потписи.

Макрон има тешка задача да ги убеди Французијате, од кои само 24 отсто мислат дека неговата ткн „голема дебата“ започната кон крајот на јануари довела до подобрување на политичката, економската и општествената ситуација во земјата, додека вистинскиот одговор ќе стаса од улиците.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.