Макрон гo губи апсолутното мнозинство во парламентот, според излезните анкети

Францускиот претседател Емануел Макрон, веројатно ќе го загуби апсолутното мнозинство во Националното собрание и контролата на својата реформска програма, според првиот проекции на резултатите од вториот круг од француските претседателски избори одржани во неделата.

Центристичката коалиција на Макрон, „Заедно“ (Ensemble!), според излезните анкети на крајот ќе добие најмногу места во парламентот, а го следи левичарскиот блок „Нов народен еколошки и социјален сојуз“ (Nupes) на левичарскиот ветеран Жан-Лук Меланшон.

Во моментов од 70 отсто од обработениот избирачки материјал, „Заедно“ освоил 36 отсто од гласовите, додека „Нов народен еколошки и социјален сојуз“ 27,08 отсто а третата е десничарската партија „Народен собир“ на Марин Лепен со освоени 22,38 отсто од гласовите.

Таквите моментални резултати се совпаѓаат со прогнозите од излезните анкети објавени веднаш по затворање на избирачките места на институтите Ifop, OpinionWay, Elabe и Ipsos, според коишто коалицијата на Макрон ќе освои 200 до 260 мандати, а коалицијата на Меланшон 149 до 200 мандати. Прагот за апсолутното мнозинство во долниот дом на францускиот парламент е 289 мандати во од вкупно 577 места следните пет години.

Коалицијата „Заедно“ која ја сочинуваат партијата „Возраѓање“ на Макрон (порано Републиката во движење), центристичката партија Демократско движење и партиите од десниот центар Хоризонти и Дејствување. Конкурентската левичарска коалиција Nupes, ги вклучува, пак, Непокорна Франција на Меланшон, Социјалистичката партија, Комунистичката партија и партијата Европа-Екологија-Зелени.

Доколку таквите проекции се потврдат по конечното пребројување на гласовите, продолжувањето на реформите на Макрон во втората според обемот економија во еврозоната ќе зависи од неговата способност да ги обедини умерените сили надвор од неговата коалицијата и од десниот и од левиот политички спектар.

Четириесет ичетиригодишниот Макрон во април годинава стана првиот француски претседател во последните две децении кому му испеа да го освои и вториот мандат, но Франција во моментов очигледно е многу разочарана и поделена па значително се зголеми поддршката за партиите од десницата и од левицата.

Францускиот претседател во кампањата под влијание на војната во Украина која и ограничи снабдувањата со храна и енергија и наводно доведе до раст на инфлацијата, бараше силен мандата.

„Не би било ништо полошо од тоа францускиот неред да се додаде на светскиот неред“, изјави Макрон пред првиот круг од гласањето.

Коалицијата на Меланшон водеше кампања барајќи замрзнување на цените на основните продукти, намалување на возраста за пензионирање и забрана за отпуштање на работниците во компаниите коишто исплаќаат дивиденди. Меланшон, исто така, повика на непослушност кон Европската унија.

Политичките сојузници на Макрон го претставуваа Меланшон како „злокобен агитатор“ кој ќе ја уништи Франција. Кристоф Кастанер, еден од највлијателни пратеници на владејачката партија, ја исмеа неговата економска програма велејќи дека се чини дека е „составена од клишеа од советската ера“.

Иако привичните процени покажуваат дека Меланшон не успеал да му го одземе владејачкото мнозинство на Макрон, но ќе биде најголема опозициска фракција во парламентот.

Доколку Макрон и неговите сојузници ги загубат апсолутното мнозинство со голема разлика, како што сугерираат првите проекции, би можело да бараат сојуз со конзервативните Републиканци или да водат малцинска влада којашто ќе мора да преговара за законите со другите партии од случај до случај.

Без оглед на точниот сооднос во парламентот, се предводува дека Германија и ЕУ би можеле и натаму да сметаат на Франција како сигурен партнер. Франција, исто така, ќе остане составен дел од обединетиот фронт на Западот против Русија, поради војната во Украина. Се очекува дека социјалистите и републиканците ќе бидат солидарни со коалицијата на Макрон по европските прашања наместо да ги блокираат.

Целта на Макрон беше повторно да обезбеди апсолутно мнозинство за центристичката коалиција за да може да ги спроведе плановите во вториот мандат, вклучително и контроверзната пензиска реформа и итно потребните подобрувања во образованието и здравството. Покрај тоа, има намера да се насочи на екологијата и посилно да ги развива нуклеарните и обновливите извори на енергија, за што му е неопходно мнозинство во парламентот.