Макрон го повика Лондон да разјасни каков однос со ЕУ по брегзитот

Обединетото кралство по излегувањето од Европската унија мора да разјасни какво однос сака со Унијата, изјави францускиот претседател Емануел Макрон при што инсистира на „заедничката судбина“ којашто според него го обединува Британците и другите Европејци.

„Каква политика сака Велика Британија? ОВаа земја не може да биде најблизок сојузник на САД, најблизок сојузник на Европската унија и нов Сингапур (…), значи мора да избере некој модел“, рекол францускиот претседател во петокот во разговор со десетина дописници на странски медиуми.

„Половичните пријатели не можат без концепт“, додал Емануел Макрон, пренесува во саботата британскиот дневен весник The Guardian.

„Доколку Британија се реши целосно за трансатлантска политика ќе биде потребно да разјасни некои работи, бидејќи тука ќе има некои разлики во правилата, итн. Значи пристапот до пазарот ќе биде поинаков“, додал Макрон.

„Доколку реши да стане нов Сингапур (…), не знам како тоа би го кажал, не не управувам со судбината на таа земја. Мога желба е да одржиме мирни и конструктивни односи, бидејќи длабоко верувам дека судбините ни се поврзани, дека во светот кој нѐ опкружува размислуваме случно, нашите научници и индистриите работата заедно“, невел францускиот претедател.

„Верувам во суверенитетот, верувам во државите на нации, но не верувам во неонационализмите“, појаснил Макрон, повторувајќи дека според него брегзитот е „грешка“ која е изгласана „на основа на многу лаги“, како и дека смета дека „и покрај сѐ тој многу ќе отежне многу дејности“.

Макрон натаму вели и дека и покрај сѐ, Британците, Французите и другите Европејци и натаму остануваат „судбински поврзани, бидејќи историјата и географијата не може да се изменат“. „Значи, воопшто не верувам дека Британците би можеле да имаат поинаква судбина“, рекол францускиот челник додавајќи дека се надева оти повторно ќе ја „откријат заедничката амбиција и поврзницата“.