Макрон: Го пуштам Трамп да си игра

Претседателот на Франција, Емануел Макрон изјави дека Франција и САД би требало да се однесуваат една кон друга со почит, како што им доликувало на долгогодишни сојузници.

Макрон се обрати на француската телевизија „ТФ 1“ по нападите од Трамп на Твитер  на неколку теми и истакна.

Бевме сојузници во секој момент од нашата историја, така да почитувањето им доликува на сојузниците“, изјави Макрон осврнувајќи се на поддршката на Франција на американската војна за независност и поддршка во двете светски војни, пренесе Ројтерс.

Макрон воедно истакнал дека иако Французите не очекувале тој да одговори на твитовите на Трамап, сепак тој  мисли дека е значајно да се продолжи со „значајната историја“

Сметам дека се игра политика и јас го пуштам да си игра, рече Макрон, кој смета дека американскиот претседател Трамп и се обраќал на својата публика.