Макрон и Саркози ќе го убедуваат Мбапе да остане во ПСЖ!

Емануел Макрон и поранешниот француски претседател, Никола Саркози ќе го убедуваат Килијан Мбапе да остане во ПСЖ.

Макрон и Саркози ќе се обидат да го убедат младиот напаѓач преку свои “врски“ да му објаснат на Мбапе дека тој е национално богатство и дека без него Лига 1, односно фудбалска Франција ќе загуби многу.

Да се потсетиме дека фудбалерот сака да оди во Реал Мадрид, а ПСЖ со нова, басносливна понуда вредна 250 милиони евра за пет години, и тоа нето, сака да го “натера“ Мбапе да потпише нов договор и да остане на “Паркот на принцовите“.