Макрон и Шолц го рестартираа француско-германскиот „мотор“, но разликите остануваат

Францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Олаф Шолц во неделата во Париз ја покажаа својата подготвеност да соработуваат на „реформите“ во Европа, но и во изнаоѓањето одговори на американскиот план за големо субвенционирање на индустријата, иако не ги надвладеаја нивните разлики во позициите, главно на полето на европската одбрана.

Никој од нив не одговори на прашањето дали ќе бидат испорачамни испратат тешки офанзиви гернански тенкови „Leopard 2“ или француските „Leclerc“ на Украина Киев, а германскиот канцелар беше под особен притисок по итните повици на украинскиот претседател Володимир Зеленски во врска со тоа.

По повод 60-годишнината од мировниот договор меѓу двете земји, додека војната на Стариот континент трае веќе единаесет месеци, двајцата челници искажаа многу пофалби за француско-германско „пријателство“ и „братство“ кои веќе шест децении се назаобиколиви „европската конструкција“.

„Германија и Франција мора да бидат пионери во реформите на нашата Европа, бидејќи тие го раскрчија патот за помирување“, рече Макрон во говорот на париска Сорбона, велејќи дека двете земји се како „две души во исти гради“.

„Иднината, како и минатото, почива на соработката на нашите две земји“, рече германската канцеларка, шегувајќи се дека „француско-германскиот мотор“ често „чкрипи“, но сепак работи благодарение на „решителната подготвеност несогласувањата секогаш да се претвораат во усогласена акција“.

По состанокот на француските и германските министри во Елисејскиот дворец, двајцата челници изразија „заеднички став“ за „амбициозен и брз“ европски одговор на американските индустриски субвенции во областа на енергетската транзиција, рече Макрон на заедничката прес-конференција без да се прецизира како тој план ќе се финансира.

Во врска со испораките на тенковите „Leclerc“ за Украина, „ништо не е исклучено“, рече Макрон, истакнувајќи дека за тоа ќе се преговара „заедно“, што го повтори канцеларот Шолц.

Сепак, двајцата челници не ги криеја разликите во однос на проектот за европскиот противракетен штит, кој Берлин сака да го спроведе со користење на постојната израелска и американска технологија, додека Париз се залага за европско решение, засновано на француско-италијанскиот систем.

Средбата меѓу францускиот претседател и германскиот канцелар се одржа на денот кога Шарл де Гол и Конрад Аденауер го потпишаа Елисејскиот договор пред 60 години за да се помират двете земји кои беа „најголеми непријатели“, но „одлучија да бидат најголеми сојузници“, рече Макрон.