Maкрон и Трамп со „нова иницијатива“ против пандемијата

Францускиот претседател Емануел Макрон објави дека тој и неговиот американски колега, Доналд Трамп и други држави подготвуваат „голема нова иницијатива“ против пандемијата на коронавирусот.

„Многу добра дискусија со претседателот Трамп. Ние подготвуваме за кризата со Ковид-19 заедно со другите земји, голема нова иницијатива во наредните денови“, објави Макрон на Твитер по телефонски разговор со Трамп.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.