Макрон им продаде на Хрватите борбени авиони за милијарда евра

Доаѓањето на францускиот претседател Емануел Макрон во Хрватска е доказ дека ништо во политиката нема за џабе или случајно. Макрон не дошол поради билатералните односи помеѓу Хрватска и Франција туку поради бизнис.  Макрон им продаде на Хрватите борбени авиони „Рафал“ за една милијарда евра.

 

Хрватска ќе плати 1,1 милијарда евра на борбената ескадрила Ф3Р Рафал, наместо 999 милиони евра што ги понуди Франција на тендерот за набавка на борбени авиони.

Ова на вчерашната седница на Владата го откри министерот за финансии Здравко Мариќ, образложувајќи ја одлуката за давање согласност на Министерството за одбрана да преземе финансиски обврски за набавка на повеќенаменски борбен авион во периодот од 2022 до 2026 година. Министерот Мариќ не објасни зошто цената е зголемена за повеќе од 100 милиони евра од мај, кога Владата ја прифати француската понуда но тоа е поради зголемениот воен данок.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.