Макрон ќе ја посети Србија на враќање од Москва

Францускиот претседател Емануел Макрон ќе го посети Белград на 15 јули на враќање од Москва, како што се шпекулира, по средба со Владимир Путин.

Тој ќе има средба со српскиот претседател Александар Вучиќ, дознаваат српските медиуми.

Посетата на Макрон е прва посета на француски претседател на Србија по 18 години кога тогашниот претседател Жак Ширак го посети Белград.

Една од најважните тема на разговорите двајцата државници ќе биде Косово, но сигурно ќе се посвети внимание на европскиот пат на Србија.

Куриозитет е што Макрон доаѓа само во Србија од земјите во регионот, што испраќа порака дека Србија се сметаат за лидер во овој дел од Европа, пишува српски „Блиц“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.