Макрон констатира – ЕУ заостанува во имунизацијата, лидерите не препознаа дека вакцините ќе бидат брзо развиени

Францускиот претседател Емануел Макрон смета дека европските лидери не успеале да препознаат дека вакцините против Ковид-19 ќе бидат развиени за толку кратко време.

Макрон смета дека тоа е причината што ЕУ сега заостанува зад некои други земји во имунизацијата.

– Сите експерти зборуваа дека вакцината никогаш во историјата на човештвото не е развиена за помалку од една година, изјави Макрон за грчкиот телевизиски канал ЕРТ.

Тој истакна дека пристапот на Унијата е претпазлив и дека тие сметаат дека за вакцина треба многу повеќе време, за разлика од САД, кои веќе во летото 2020 година имаа многу поотворен и поактивен пристап кон развојот на вакцините.

Лидерите на Европската унија сега се обидуваат да ја забрзаат вакцинацијата, но заостануваат зад земјите како Велика Британија и САД затоа што се соочуваат со доцнења во снабдувањето. Поради тоа донесена е одлука за натамошно засилување на контролите врз извозот на вакцини против коронавирус и имплементација на систем на реципроцитет.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.