Макрон: Меѓународна истрага за експлозијата во Либан

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави во Бејрут дека нема нови информации за причината за смртоносната експлозија во пристаништето во тој град, освен оние што се веќе објавени.

Тој посочи дека е потребна потранспарентна меѓународна истрага за утврдување на причините на експлозијата, пренесе Ројтерс.