Макрон, Меркел и Меј повикаа на дијалог за спасување на иранскиот нуклеарен договор

95

Челниците на Франција, Германија и Велика Британија повикаа во неделата на нов дијалог за да се спаси нуклеарниот договор што во 2015 година по долги и напорни преговори го потпиша Иран со шесте светски сили меѓу кои се и Кина, Русија и САД, откако Вашингтон ланскиот мај еднострано истапи од него и повторно воведе санкции, а Техеран одлучи поради тоа да не почитува некои од неговите обврски.

Британската премиерка Тереза Меј, францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел изразија загриженост поради тоа што нуклеарниот договор „сѐ повеќе се распаѓа поради санкциите кои ги наметнаа САД и иранската одлука да не применува одредени барања од договорот“, пренесува германската новинска агенција DPA.

Американскиот претседател Доналд Трамп во мај 2018 година ги повлече САД од договорот и воведе нови санкциите и покрај противењето на европските сојузници и потврдите на меѓународната инспекција дека Иран се придржува до одредбите од договорот. Поради тоа, Техеран во мај им даде рок од 60 дена на европските потписници да го решат проблемот со санкциите, по што претходно овој месец да започне со збогатувањето на ураниум над доволенит 3,67 отсто, како и да ги зголеми своите резерви од ниско збогатен ураниум над договореното ограничување. Ограничувањата беа договорени за да се спречи Исламската Република да дојде до нивото од кое може да се изработи нуклеарна бомба, во замена за укинувањето на децениските економски и финансиски санкции.

„Сметаме дека е дојден моментот да постапуваме одговорно и да го најдеме патот преку кој ќе ја прекинеме ексалацијата на напнатоста и ќе се продолжи дијалогот“, се согласиле тројцате европски челници и додаваат дека „сигнали за волја за соработка се итно потребни од двете страни“.

Иран порача дека е подготвен да одржи преговори со САД, доколку Вашингтон ги укината санкциите и се вратат во договорот.

„Отсекогаш верувавме во преговори… ако ги укинат санкциите, прекинат со наметнатиот економски притисок и се вратат во договорот, подготвени сме истиот момент да преговараме со САД“, изјавил иранскиот претседател Хасан Роухани во неделата во телевизиско обраќање, пренесе агенцијата Reuters.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.