Макрон најавува низа мерки за смирување на Жолтите елеци, но ветува дека нема да има пресврт

77

Францускиот претседател Емануел Макрон во понеделникот во обидот да го стiвне гневот на неформалното граѓанско движње Жолти елеци чиишто протести доведоа до драстичен пад на неговата популарност, најави зголемување на минималната плата и намалување на даноците за пензионерите.

Макрон, кој има рекордно ниска доверба, најави повеќе мерики соочен со „економската и општествената вонредна ситуација, како што е зголемувањето на минималната плата за 100 евра, изземање на големувањто на даноците за ниските пензии и укинување на данокот за прекувремените работни часови“.

„Барама од владата и од парламентот да ги преземат потребните мерки за од почетокот на следната година да може подобро да се живее од трудот. Минималната плата на раборницие во 2019-та ќе се зголеми за 100 евра и тоа работодавачите нема ништо да ги чини“, изјави во своето обраќање до нацијата преку јавната телевизија францускиот престседател Емануел Макрон, меѓутоа не ги изнесе поединостите од оваа мерка.

Дополнителните часови работа од 2019 година ќе се исплаќаат без данок и други давачки, како и во текот на петгодишниот мандат на конзервативниот претседател Николас Саркози. Сегашниот претседател Макрон, исто така, браше од сите работодавачи, кои тоа можат да го направат, пред крајот на годината да исплатат награди за вработениет, кои исто така ќе бидат ослободени од даноци.

Францускиот претседател зборуваше зборуваше за пензионерите како за „драгоцен дел од нацијата“, и за оние кои примаат помалку од 2.000 евра месечно, во текот на 2019-та, ќе бидат „поштедени од општиот социјален придонес, кој мораа да го плаќаат оваа година, што беше претерано висока и неправедна обврска“, рече Макрон. Досега само пензионерите со пензии пониски од 1.200 евра беа поштедени од оваа мерка.

Отстапките на Макрон, кои многу се разликуваат од неговите предиборни ветувања, доаѓаат само 48 часа откако демонстрантите водеа вистински улични битки со полицијата во Париз.

Макрон во понеделникот зборуваше и за „40 години старите проблеми“ и додаде дека гневот на привраницата на неформалното граѓанско движење Жолти елеци е оправдан во многи погледи, ио дека е свесен дека со „своите изјави повредил некои од нив“. На почетокот од говорот, францускиот претседател го осуди „недоволивото насилство“ во текот на протестите и гарантираше дека за ваквите насилства „нема да има милост“.

Макрон, исто така, рече дека останува на своите позиции во врска со реформите, и одби да го воведе таканаречениот „данок на богатство“. „Ќе одговориме на економската и општествената нужност спо силни мерки, кастрејќи ги даноците побрзо, држејќи ја потрошувачката под контрола, но не со целосни пресврти“, рече францускиот претседател.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.