Макрон не исклучува нови санкции против Русија, Путин отфрли дека ќе дејствуваат

Новиот француски претседател Еманул Макрон во понеделникот во салата Големиот Тријанон во поранешната резиденција на француските кралеви Версајскиот дворец се сретна со рускиот колега по должност ВладимирПутин, а средбата која траеше еден час подолго од планираното на заедничката прес-конференција е оценета како отворена и искрена и покрај несогласувањата, и на која двајцата челници барале заедничка агенда во билатералните односи.

Емануел Макрон најави дека е смета оти нови европски санкции против Русија се возможни доколку ескалира конфликтот во Украина, а што Западот ја смета одговорна Москва. Владимир Путин, пак, од својата страна порача дека санкциите „во никој случај“ нема да доведат до постигнување мир меѓу Киев и непризнаените самопрогласени рускојазични републики од украинскиот југоисток.

Макрон одговори дека наскоро, следните денови или седмици ќе биде одржана срдба меѓу претставниците на ткн Нормандиска четворка, односно Украина, Русија, Франција и Германија за да се избегне ескалација на тензиите во Украина.

Во текот на подготовките за постата на рускиот челник, неговиот француски колега направи максимални напори да го задржи имиџот на „тежок политичар’, кој нема намера да отстапува пред ударите. Својата средба со рускиот претседател Макрон ја означи како „дијалог и барања“. Во предизборната кампања шефот на Петтата република ја истакна можноста „за диктат на Путин“, тврдејќи дека очекува притисока и вети дека нема да попушти пред него.

Болните точки за двете страни остануваат двете кризи: украинската и сириската. Ако и неговиот социјалистички претходник Франсоа Оланд, и центристот Макрон изјави дека неговите цели се постигнување мир во Донбас и „демократските промени“ во Сирија. Притоа новиот француски претседател се јасни децидно само за прашањето на хемиското оружје, а што Западот ја обвинува владата на рускиот сојузник претседателот Башар ал-Асад, и рече дека уште една негова примена Франција ќе претставува „црвена линија“.

„Од наша страна постои многу јасна црвена линија за употребата на хемиското оружје, без оглед на тоа кој го користи. Секоја употреба на хемиско оружје ќе биде проследена со противмерки и моментален одговор“, изјави Макрон пренебрегнувајќи ги повиците на Москва да се спроведе темелна истрага и да се пружат докази за обвинувањата за владата на Асад.

Меѓутоа, Макрон посака посилно партнерство со Русија во борбата против тероризмот во Сирија.

„Тоа  нишката водилка за нашите акции во Сирија и сакам освен работата во рамките на коалицијата, да можеме да го засилиме партнерството со Русија. Наш апсолутен приоритет е борбата против тероризмот во Сирија, тоа е црвената нишка на нашата акција во Сирија“, инсистираш францускиот претседател кој договорил со Путин основање работна руско-француска група а борба против тероризмот.

„Се обидовме да најдеме моменти на доближување“, изјавил во текот на разговорите Путин. Според Макрон, пак, во текот на разговорите пронајдена е „можноста за заедничко дејствување“.

Макрон, исто така, се заложи и за демократска транзиција во Сирија, но со зачувување на сегашната сириска држава, во којашто од март 2011 година беснее всушност меѓуконфесионалната војна.

„Во регионот пропаднатите држави се акана а нашите демократии и секогаш тоа доведува до напредување на терористичките групи“, истакна Макрон особено алудирајќи на Либија.

Францускиот претседател рече и дека би требало да се разговара со сите учесници во сирискиот конфликт, вклучително и со претставниците на Башар ал-Асад.

„Сакам да имаме дипломатска и политички јасна насока која ќе овозможи градење на мирот и стабилизација на регионот истовремено со искоренување на терористите“, истакна Макрон.

На иста линија беше и Путин, кој на изјавата на Макрон дека тероризмот го гледа како единствен противник во Сирија, рече дека „не сме да се дозволи борбата против тероризмот да ја уништи државата“.

Во врска со човековите права, францускиот претседател изјавил дека постојано ќе го следи нивното почитување во Русија и во нејзината кавкаска република Чеченија. Ова во врска со обвинувањата дека наводно властите во доминантно муслиманската Чеченија, каде што хомосексуалноста е табу, уапсиле повеќе од 100 хомосексуалци и поттикнува нивни семејства да ги убијат за да ја одбранат семејната чест. Макрон рече дека Путин ветил целосна висина за наводната репресија на хомосексуалноста во Чеченија и дека преземал неколку иницијативи а таат тема со ЛГБТ лица, за да се решат најосетливите прашања.

Двајцата претседатели не ја допреа темата за сомневањата за наводната вмешаност на руските хакери во француската претседателската кампања. Макрон обвини два руски медиуми, меѓународната телевизија Russia Today и Sputnik за објавување „срамни невистини“ во текот на француската претседателска кампања.

Агенциите оценуваат дека францускиот претседател продолжил да се движи на заострување, онаму каде што логиката на заедничките напори претпоставува измазнување на „острите рабови“. Макрон на прес-конференцијата изјави дека споменатите руски медиуми нема достап до неговиот избирачки штаб во врска со распространувањето на „лажните информации и клеветите“

Путин ја оправда својата одлука да се сретне со претседателската кандидатка на француската крајна десница Марин Лепен во март. „Зошто да се одбие средба со личност интересна за нас“, изјави и истакна дека Лепен секогаш работела на зближувањето со Русија,