Макрон не кажа ниту збор за проширувањето на Европскиот совет

Францускиот претседател Емануел Макрон не кажа ниту збор за проширувањето.

Пред почетокот на самитот на европските лидери денеска во Брисел, Макрон зборуваше за Брегзит и за стратегиската агенда на Унијата за која треба да се расправа на овој самит, а зборуваше и за односите на ЕУ со Турција.

Но, не го ни спомена проширувањето.

За тоа дали на Македонија и Албанија ќе им се даде датум за почеток на преговори треба да се расправа вечерва на работна вечера на шефовите на држави и влади на Унијата закажана за 20 часот.

Вчера од Тулуз, Макрон остана на ставот дека прво треба да се промени начинот на преговарање со идните членки, а потоа Унијата да се проширува.

Проценките се дека шансите за пресврт во неговиот став се речиси невозможни.

Од друга страна, Германија инсистира на отворање преговори со Македонија и Албанија како сигнал дека Унијата сака да го интегрира Балканот. Во време кога фокусот на европската јавност е на договорот за Брегзит, Бугарија и Естонија пред почетокот на самитот јасно кажаа дека ќе поддржат отворање преговори со Македонија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.