Макрон очекува брзо стабилизирање во Велика Британија по оставката на Трас

Францускиот претседател Емануел Макрон изрази надеж дека Велика Британија што поскоро ќе ја врати стабилноста, како негова прва реакција по денешната оставка на Лиз Трас на премиерската функција.

Таквата стабилност е „добра за нас и добра за Европа,” рече францускиот претседател при неговото пристигнување на состанокот на лидерите на ЕУ во Брисел.

Макрон истакна дека меѓу Франција и Британија изминатите седмици биле изградени „добри работни односи“, како и дека тукушто имал разговор со Трас.

Францускиот претседател сепак одби да дад е конкретен коментар за нејзината оставка.

Односите меѓу Франција и Велиа Британија беа обременети последните неколку години, поради несогласувања по прашања околу миграцијата, рибиловот, како и Брегзит.