Макрон побара прошка за злосторствата на Франција во Алжирската војна

Францускиот претседател Емануел Макрон вечерва призна дека Франција имала „систем“, кој предизвикавал злоуставувања во Алжирската војна (1954 – 1962), давајќи поттик да се преиспита историското сеќавање кое е извор на голем број, се уште неизлечени рани во француското општество.

Макрон изјавата во таа смисла ја упатил на вдовицата на претставникот на алжирската комунистичка опозиција, Морис Один кој почина откако беше киднапиран од страна на француските војници во Алжир во 1957 година, побаравши од неа „прошка“.

Претседателот исто така вети дека ќе се отворат архивите за исчезнатите француски и алжирски цивили и војници бидејќи Париз и Алжир имаат пријателски и сложен однос поради колонијалната историја и миграција меѓу двете земји.

Овие изјави сигурно ќе предизвикаат бурни реакции во Франција, каде што Алжирската војна, иако во голема мера документирана, и ден денеска е супер чувствителна тема, а злоставувањата, иако општо познати, се уште се табу за официјалната историја.

Зошто претседателот отвора стари рани со наведување на случајот на Морис Один? Сака да го искористи за да ги подели Французите наместо да ги обедини во истиот проект, изјави Марин Ле Пен, финалистката на претседателските избори во 2017 година, чиј татко Жан-Мари, борец во Алжирската војна, изјавата на Макрон ја нарече несмотрена.

Државниот секретар на Француската комунистичка партија, пак, Пјер Лоран изрази задоволство што е разоткриена лагата која траеше 61 година.