Макрон порача дека НАТО мора да знае кои му се непријателите, се залага за нови односи во пактот

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави во четвртокот дека НАТО мора јасно да го одреди своите стратешки приоритети и да знае кои му се непријателите, речиси една година по неговите изјави дека Алијансата е во состојба на „мозочна смрт“.

„Мораме да знаеме кои се и каде се нашите непријатели“, изјави Макрон на прес-конференција додавајќи дека НАТО мора да донесе стратегија за Русја, а дека Кина не би требало да биде приоритет.

Истакнувајќи дека Франција и соседните европски земји мора да бидат соговорници во дијалогот со Русија, Макрон рече дека НАТО мора да има стратегија кон Москва која ќе биде без тензии но „тешка, па и непопустлива, во случаи кога Русија организира упади, информатички напади или заплашува, но која воедно овозможува да се земе предвид географијата на Европа“.

„Алијансата мора да утврди од каде доаѓаат заканите и како да се одговори на нив. Нема да го решиме тоа на еден самит, но треба да ги разработиме насоките на нашето движње и новиот концепт на Алијансата“, рече Макрон.

Потсети дека Организацијата е создадена „во времето на идеолошката конфронтација за спротиставување со Варшавскиот пакт, кој повеќе не постои“. „Токму затоа е потребно да се појасни нејзината концепција“, истакна францускиот претседател.

Макрон, исто така, смета дека земјите членки на НАТО треба да ги дефинираат и своите односи со Кина, „иако според моето мислење, Кина географски не спаѓа во Атлантската зона“.

Состанокот на врвот на НАТО ќе се одржи следната седмица во Брисел. Агенцијата Reuters кон крајот на март објави дека планот во изност од 20 милијарди долари треба да му овозможи на НАТО да биде поприлагодлив во решавањето на предизвиците, како што се подемот на Кина и климатските промени, наишол на силен отпор од Франција којашто изразила загриженост дека тој би можел да ги загрози нејзините сопствени воени приоритети.

Макрон, исто така, посочи дека Франција се залага за дефинирање нова рамка на односите меѓу сојузниците.

„Треба да дефинираме нова јасна рамка за односите меѓу сојузниците. Сојузниците треба да се почитуваат кога станува збор за военото зајакнување и операциите“, рече Макрон.

Според францускиот лидер, „учеството во Организацијата подразбира дека земјите учесници не може да купуваат оружје кое не осигурува оперативна координираност. Макрон изјави дека за тоа прашање ќе разговара со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган пред самиотот во Брисел на 14-ти јуни.

„Членките на Алијанската, исто така, не смеат да спроведуваат еднострани операции спротивно на интересите на коалицијата“, истакна претседателот на Франција.

Во четвтокот Макрон на прес-конференцијата во Париз посочи и дека Франција им придава големо значење на разговорите со Русија и нејзините европски соседи за контролата над вооружувањето.

„Во врска со контролата на оружјето во Европа, Франција мора да биде соговорник, учесник во носењето одлуки, на документите мора да стои нашиот потпис“, истакна Макрон.

„Прво за ова ќе разговараме за кругот на европските сојзуници, а потоа со сојузниците во НАТО. Мора да разговараме за ова со начите соседи, особено со Русија. Ова е рамка координациите и одговорностите, и јас верувам дека треба да бидеме активни учесници во тоа“, оцени францускиот челник.

Макрон порабо повеќепати оценуваше дека е „грешка“ недостигот од дијалог меѓу Европа и Русија по прашањата за ограничување на оружјето на континентот. Францускиот претседател смета дека е погрешно тоа што европските земји не беа учесници во договорите меѓу САД и Русија во оваа сфера.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.