Актуелниот француски претседател Емануел Макрон не може во вториот круг од претседателските избори на 24-ти април да смета на тредиционалниот фронт на француските гласачи против крајната десница и ќе мора да ја зајакне кампањата доколку сака да ја победи Марин Лепен која успешно го ублажи својот имиџ, оценува агенцијата Reuters.
Емануел Макрион, кој ја формираше и води партијата Републиката во движење (LREM) по нецелосните официјални резулати од првиот круг на изборите одржани во неделата освоил 27,4 отсто, пред кандидатката на десничарскиот Национален собир (RN), Марин Лепен, која добила 25,54 отсто од гласовите.
Иако Макрон на крајот би можел да има и подобар резултат од очекуваниот во првиот круг, со веројатен резултат од над 28 отсто, со што би го подобрил резултатот од 2017-та, не може да смета на сигурна победа во вториот круг, зашто анкетите покажуваат многу тесна борба против Лепен. Тоа и самиот го призна во изборната ноќ.
„Сѐ уште не е готово. Дебатата којашто ќе ја водиме во текот на 15-те дена, ќе биде решавачка за нашата земја и за Европа“, рече Макрон пред своите приврзаници.
На последните избори на национално, регионално и локално ниво, гласичите од левицата, левиот и десниот центар, традиционално се обединуваат за да го блокираат доаѓањето на власт на крајната десница, што е феномен позната во француската политика како „Републикански фронт“.
Иако сите ткн „мејнстрим“ кандидати, вклучително и конзервативците од Републиканци и социјалистите му дадоа поддршка на Макрон за вториот круг, не е сигурно дека сите избирачи ќе ги следат.
„Меѓу политичарите, ‘републиканскиот фронт’ се движи. Останува да видиме дали гласачите ќе го следат“, изјави Матје Галар од францускиот институт Ipsos.
Истражувањато на јавнотно менение на Ipsos, како и на Opinionway, покажуваат дека Макрон ќе добие 54 отсто а Лепен 46 отсто во вториот круг. Но анкетата на Ifop укажува дека Макрон ќе победи во вториот круг со 51 отсто од гласовите, но тоа е во рамките на маргината на статистичката грешка.
Онаа што дополнително да се компликува ситуацијата за Макрон, е што Лепен ги отфрли во кампањата своите одбивни противдоселенички ставови, антиевропската реторика и се фокусираше на прашањата на животните трошоци кои повеќе ги интересираат избирачите.
Во говорот во неделата прикажа како фигура којашто обединува, којашто ќе ги залекува француските рани и ќе го запре хаосот кој го донел Макрон, поранешен ротшилдов банкар за кого вели дека ја олицетворува „моќта на парите“ и дека работи за малцинството граѓани.
Макрон здраво за готово не може да ја земе ни поддршката од радикалната левица. Третопласираниот по првиот круг, челникот на Непокорна Франција, Жан-Лук Меланшон, побара од своите гласачи да ја блокираат Лепен, но се воздржа од директна поддршка за Макрон, зголемувајќи ја неизвесноста кому да го дадат гласот неговите околу 21 отсто од гласачите. Анкетите покажуваат дека тие може да решат да не излегуваат на вториот круг.
„Политиката на Макрон ја зајакна крајната десница“, изјавила 27-годишната Леа Друе за Reuters во штабот на Меланшон. За Макрон гласала во 2017 година, но овојпат нема да излезе на гласачкото место.
Други приврзаници на Меланшон се несигурни.
„Ќе видам како ќе оди следните две седмици. Доколку анкетите зборуваат за 49 до 51 отсто, тогаш ќе гласам за Макрон“, рекол 36-годишниот Гијом Рафи, музички продуцент од Монпелје.
Приврзаниците на Макрон велат дека тој мора многу повеќе време да минува на теренот, отколку што тоа го правеше пред првиот круг доколку сака да ја победи Лепен. Самиот тој призна дека предоцна влегол во кампањата, бидејќи се фокусираше на војната во Украина што, пак, едно време му овозможи да ја зголеми разликата во анкетите пред Лепен.
„Во вториот круг Емануел Макрон ќе мора малку повеќе да ги засука ракавите отколку во првиот“, објави на Twitter поранешниот француски амбасадор во Вашингтон, Жерар Аро.