Макрон повикува на поголем ангажман на ЕУ на западен Балкан

Францускиот претседател Емануел Макрон повика во четвртокот на „повторно залагање“ и на „инвестирање“ на Европската унија во регионот на западен Балкан поради „новите тензии“ во тоа подрачје и „вмешување на регионалните сили“ кои сакаат да ја дестабилизираат Европа.

„Во тоа подрачје денес владеат нови тензии. Историјата таму се повторува, а понекогаш таа и е трагична“. Денес имаме посебна одговорност кон западен Балкан“, изјави Макрон.

Францускиот претседател притоа ја најави конференцијата на ЕУ за споменатиот регион којашто ќе се одржи во јуби следната годна во рамките на завршетокот на француското претседавање со Советот на ЕУ во првата половина од 2022 година.

„Мораме таму да водиме политика на повторно залагање, но и инвестирања за да ја поттикнеме економската интеграција на ова подрачје (…), како и да се сузбие вмешувањето и манипулациите на некои регионални сили коишто преку Балканот сакаат да ја дестабилизираат Европа“, истакна Макрон без конкретно да спомене некоја земја.

На прес-конференцијата во Елисејската палата на претставувањето на француските приоритети во текот на претстојното претседавањето со ЕУ, Макрон предупреди дека ако не се преземат конкретни чекори во таа насока нема да има напредок во регионот уште половина век.

„Мислам дека овој политички и економски ангажман на западен Балкан е вистинското прашање на суверенитот на нашата Европа, бидејќи Европа на мирот нема да се освари во следните педесет години доколку западен Балкан го оставиме во сегашната ситуација“, посочи францускиот претседател.

Макрон повика да се „разјанси европската перспектива“ на земите во регионот, кои веќе со години чекаат во предворјето на Унијата.

Челниците на ЕУ на самитот во Словенија во октомврија „потврдија поддршката“ за интеграцијата на западен Балкан, но одбија да донесат времеска рамка, барајќи повеќе реформи и решавање на судирите од минатото во регионот.