Макрон повторно го именува Филип за премиер

Француската Влада симболично поднесе оставка откако на парламентарните избори победа извојува партијата на францускиот претседател Емануел Макрон, Републиката напред.

Кабинетот соопшти дека ја прифаќа оставката која мора да се поднесе поради процедура и веднаш на местото премиер повторно е назначен Едуар Филип.

Тој има задача до среда навечер да формира нова влада.

Портпарол на Владата претходно соопшти дека очекува Макрон да направи мали, „технички“ промени.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.